Како на децата да им обезбедам компјутер, се прашуваа најголемиот дел од родителите на почетокот на корона-пандемијата. Дигиталната настава беше невозможна мисија особено за сиромашните. Борче Стаменов ним им донира компјутери. Собира половни компјутери од кои други луѓе кренале раце, ги поправа и им ги дава на оние на кои им се потребни. Неговиот повик „Донирај компјутер“ предизвикува големо ехо.