Млади од Западен Балкан разговараа за клучните прашања дефинирани во Декларацијата на Берлинскиот младински форум на Западен Балкан од 2022. Дискусијата се водеше во возот кој сообраќа на релација Драч-Елбасан во Албанија и е во функција само двапати неделно, што го истакнува проблемот на поврзаност во регионот. Идеите беа презентирани пред партнери кои ќе поддржат реализација на одредени проекти.