1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамТурција

Десетици уапсени по бомбашкиот напад во Анкара

СН/агенции
3 октомври 2023

По самоубиствениот напад изминатиот викенд, Турција продолжува да презема остри мерки против осомничените поддржувачи на ПКК. Според турските медиуми, близу 150 лица се уапсени во рации во повеќе провинции.

https://p.dw.com/p/4X4JP
Турската полиција извршила рации во повеќе провинции по атенатот во Анкара
Турската полиција извршила рации во повеќе провинции по атенатот во АнкараФотографија: Bulent Kilic/AFP/Getty Images

Во текот на ноќта турската полиција уапси околу 145 лица осомничени за поврзаност со забранетата Курдиската работничка партија, јавија денеска државните медиуми.

Апсењата доаѓаат два дена по бомбашкиот напад во Анкара за кој одговорноста ја презеде милитантната група Курдската работничка партија (ПКК).

Двајца напаѓачи во неделата извршија бомбашки напад пред зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара, при што двајца полицајци беа полесно повредени.

Противпожарни и возила за итна помош пред Министерството за внатрешни работи во Анкара по бомбашкиот напад на 1 октомври, 2023
Противпожарни и возила за итна помош пред Министерството за внатрешни работи во Анкара по бомбашкиот напад на 1 октомври, 2023Фотографија: Cagla Gurdogan/REUTERS

Едниот напаѓач се разнел, а другиот бил убиен од полицијата, соопштија претходно локалните власти.

Турција потоа изврши воздушни напади врз цели на милитантите во северен Ирак и ги приведе осомничените во Истанбул во текот на ноќта, неколку часа откако ПКК ја презеде одговорноста за нападот.

Најновите полициски операции биле фокусирани на југоисточната турска провинција Чанлиурфа.

„Против 'разузнавачките единици' на курдската милитантна група ПКК низ целата земја беа извршени 466 операции“, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, на платформата Х (Твитер).

Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја
Турскиот министер за внатрешни работи, Али ЈерликајаФотографија: Cagla Gurdogan/REUTERS

Тој претходно соопшти дека турските власти спроведуваат широка антитерористичка операција во 18 турски провинции.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема