1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесрат: Западниот Балкан не смее да се заборави

ЕМФ | дпа
15 декември 2023

Германскиот Бундесрат е за преговори за приклучување во ЕУ на Украина, Молдавија и државите од Западен Балкан.

https://p.dw.com/p/4aCbV
Бундесрат Германија
Германскиот Бундесрат е за преговори за приклучување во ЕУ на Украина, Молдавија и државите од Западен БалканФотографија: Wolfgang Kumm/dpa/picture alliance

Претставништвото на покраините во Германија, Бундесратот, денеска (15.12) усвои изјава во која се вели дека „со оглед на глобалниот развој, проширувањето (на ЕУ, н.з.)е во сопствен геополитички интерес на Европската унија“.

Премиерот на покраината Бремен, Андреас Бовеншулте (СПД), оцени дека „досегашното проширување, како што покажува историјата, ја направи Европската унија посилна“. Тој побара во процесот на проширување да не се заборават државите од Западен Балкан:

„Иако во моментов фокусот на јавната дискусија е ставен на Украина, не смееме да ги заборавиме оние кои делумно по 20 години прават напори да станат членки на ЕУ. Во однос на Западниот Балкан, земјите кандидати и ЕУ мора да работат заедно за да се реализираат ветувањата за заедничка европска перспектива, дадени пред 20 години, на самитот во Солун.“

Министерката за европски прашања на покраината Хесен, Луција Путрих (ЦДУ) нагласи дека се работи за тоа да им се подаде рака на милиони луѓе во Источна и Југоисточна Европа. Приклучувањето во ЕУ одамна не може да се образлага само со економски причини, оцени таа: „Тоа е приклучување кон една фамилија на вредности. Фамилија која ветува безбедност, благосостојба и мир.“

Притоа, на земјите кои сакаат да се приклучат кон ЕУ не може да им се даваат специјални услови, туку мора да се исполнат критериумите за членство, беше речено во Бундесратот. Одговорност на кандидатите е „сега да се вклучи турбо брзина за реформи“, изјави министерот за европски прашања од покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанaел Лимински (ЦДУ).

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема