1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамАвстралија

Безредија по терористичкиот напад во Сиднеј

агенции | ЕМФ
16 април 2024

По нападот врз свештеник за време на миса, разлутена толпа се втурна во црквата во близина на Сиднеј. Ситуацијата ескалираше.

https://p.dw.com/p/4epyo
Црквата во Сиднеј-Вејкли каде што се случи нападот
Црквата во Сиднеј-Вејкли каде што се случи нападотФотографија: Lisa Maree Williams/Getty Images

Нападот, кој што се случи вчера (15.04), за време на богослужба во црква во Сиднеј, од страна на истрагата е класифициран како терористички чин. Мотивот на осомничениот сторител, кој има околу 16 години, бил „религиски мотивиран екстремизам“, изјави на прес-конференција Карен Веб, началничка на полицијата на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс. Полицијата претпоставува дека се работи за еден сторител.

Според полицијата, во нападот за време на богослужбата во црквата во Вејкли, во близина на Сиднеј, биле повредени најмалку четири лица. Меѓу нив е и епископот на асирската заедница кој ја држел мисата и најмалку еден свештеник. Асирската црква е христијанска верска заедница.

Напад за време на пренос во живо

На снимката од директниот пренос на богослужбата, објавена на интернет, се гледа како напаѓачот му приоѓа на свештеникот за време на миса и го прободува пред да биде совладан од очевидци. Напаѓачот подоцна бил уапсен и, според Веб, веќе ѝ бил познат на полицијата, но не бил на списокот за следење на осомничени за тероризам.

Австралија полиција
Според полицијата, во нападот за време на богослужбата во црквата во Вејкли, во близина на Сиднеј, биле повредени најмалку четири лицаФотографија: Mark Baker/AP Photo/picture alliance

Во саботата, шест лица беа убиени во напад со нож во трговски центар во Сиднеј. Според првичните сознанија на истражителите, насилникот очигледно има психички проблеми. Во овој случај беше исклучена терористичка позадина на нападот. Инспекторите разговараат со неговите родители за да дознаат повеќе за мотивот на момчето.

Безредија пред црквата

По нападот, пред црквата во Вејкли избувнаа жестоки судири меѓу полицијата и стотици револтирани луѓе кои се обидуваа да дојдат до осомничениот. Според полицијата, во немирите се повредени неколку полицајци, а оштетени се и неколку возила на итната помош. Службите за итни случаи биле нападнати со тули и столбови од ограда. Болничарите, исто така, морале да се забарикадираат во црквата со часови бидејќи им се заканувала разгневената толпа.

Австралија Сиднеј Вејкли | напад со нож во црква
Полиција пред црквата каде што се случи нападотФотографија: DAVID GRAY/AFP

Во Австралија, каде полицијата ужива голема почит и е позната по стриктно постапување, вакви сцени се реткост. Карен Веб вети дека сите насилници ќе бидат изведени пред лицето на правдата. „Сите оние кои учествуваа во овие безредија може да сметаат со тоа дека ќе им тропнеме на врата. Можеби не денес, можеби не утре, но ќе ве најдеме и ќе ве уапсиме“, рече Веб.