1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Бајден нема да се откаже од трката за Белата куќа

СН/агенции
5 јули 2024

По ТВ-дебаклот против предизвикувачот Трамп, американскиот претседател Бајден сѐ повеќе мора да ја брани својата обновена кандидатура. 81-годишникот се презентираше борбено за време на говорот за Денот на независноста.

https://p.dw.com/p/4htQ5
Џо Бајден имаше катастрофален настап на телевизискиот дуел против републиканецот пред една недела
Џо Бајден имаше катастрофален настап на телевизискиот дуел против републиканецот пред една неделаФотографија: Michael Reynolds/EPA

Американскиот претседател Џо Бајден за време на прославата на националниот празник на САД потврди дека нема намера да се откаже од трката за Белата куќа. „Не одам никаде“, изјави 81-годишникот на традиционалната скара за активниот воен персонал во градината на Белата куќа.

Бајден ги кажа овие зборови по краткиот говор  по повод Денот на независноста кој го прочитан од телепромптер. Бајден потоа спонтано им се обрати на гостите -  при што ја изговори и споменатата реченица. Еден поддржувач претходно извикуваше: „Продолжете да се борите! Ни требате!“

Дискусија околу кандидатурата на Бајден

По ТВ-дебаклот против противкандидатот Доналд Трамп, Бајден моментално се бори на сите фронтови за да ја спаси својата кандидатура. Тој имаше катастрофален настап на телевизискиот дуел против републиканецот пред една недела.

Тој повеќепати направи грешки и ја загуби нишката во говорењето.  По ваквиот негоив настап, во САД избувна дебата за тоа дали Бајден е навистина вистинскиот кандидат за Демократската партија за претседателските избори во ноември.

Трамп сака уште еден ТВ дуел

Противкандидатот Доналд Трамп, во меѓувреме, го повика Бајден на уште еден ТВ дуел. „Ајде да имаме уште една дебата, но овој пат без табуа - дискусија каде само ние двајца сме на сцената и зборуваме за иднината на нашата земја“, напиша тој на неговата социјална мрежа Трут Соушл.