1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСоединети Американски Држави

Аризона: Забрана за абортусот од 19. век повторно во сила

СН/агенции
10 април 2024

Одлука на Врховниот суд на сојузната држава Аризона предизвика бурни реакции во САД. Закон стар 160 години кој предвидува речиси целосна забрана на абортусот одеднаш повторно стапува во сила.

https://p.dw.com/p/4ebOf
Врховниот суд на Аризона пресуди дека сојузната држава може да ја спроведува забраната за абортус од 1864 година
Врховниот суд на Аризона пресуди дека сојузната држава може да ја спроведува забраната за абортус од 1864 годинаФотографија: Joel Angel Juarez/The Republic/USA TODAY Network/IMAGO

Дебатата за правото на абортус е важно прашање во предизборната кампања во САД. Во државата Аризона, ултра-конзервативните судии сега повторно го прогласија за важечки 160 години стариот закон за забрана на абортусот.

Највисокиот суд во американската сојузна држава Аризона пресуди дека е важечки законот од 1864 година со кој речиси целосно се забранува абортусот, што е симболична одлука со важни изборни импликации во клучната држава, неколку месеци пред претседателските избори во САД.

Тој закон забранува секаков абортус од моментот на зачнување, освен ако животот на мајката не е загрозен. Силувањето или инцестот не се сметаат за веродостојни исклучоци.

„Дамка“ за Аризона

Со оваа одлука темата станува централна во една од сојузните држави на САД кои се клучни за одлучување на ноемвриските избори за тоа кој ќе биде нареден претседател и кој ќе има мнозинство во Сенатот.

Демократите веднаш ја осудија одлуката, обвинувајќи го поранешниот претседател Доналд Трамп за претходната одлука на Врховниот суд на САД, со која е укинато правото на абортус на федерално ниво и дозволи одлуката да ја носат поединечни држави, како што е Аризона.

За време на неговото претседателствување, Трамп го преобликува составот на Врховниот суд на САД, бидејќи тогаш именуваше тројца конзервативни судии.

Јавниот обвинител на Аризона, демократката Крис Мајерс, рече дека нејзината канцеларија нема намера да го спроведува законот, кој според неа претставува „дамка“ на државата.

Остри критики од Бајден

Со одлуката ѝ се дава на Аризона најстрогиот закон за абортус од шестте  сојузни држави кои се сметаат за неопределени и каде веројатно ќе се одлучува за наредниот претседател.

Други такви држави се Џорџија, Невада, Висконсин, Мичиген и Пенсилванија, од кои сите моментално имаат поблаги закони за абортус од Аризона.

Американскиот претседател Џо Бајден ги стави правата за абортус во центарот на неговата кампања, како и демократскиот кандидат за Сенат Рубен Галего.

Бајден ја осуди одлуката на судот во Аризона како „суров закон“.

Критикувајќи ја уште поекстремната и поопасна забрана за абортус, американскиот претседател оцени дека одлуката на судот во таа западноамериканска држава е резултат на републиканските членови на Конгресот кои се „решени да ги лишат жените од нивната слобода“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема