60 жртви во два одвоени судири во Пакистан
17 ноември 2007Реклама
Во два одвоени судири во Пакистан денеска има најмалку 60 жртви. Пакистанската армија соопшти дека ликвидирала околу 40 проталибански екстремисти во судирите на северот на земјата. Во племенски судири меѓу сунитите и шиитите во северозападен Пакистан пак 20 лица загинале, а над сто се повредени.