60 години од стапувањето во сила на Повелбата на ОН
21 октомври 2005Организацијата претходник на Обединетите нации пропадна: Друштвото на народите основано по Првата светска војна имаше една голема слабост – најмоќните држави во светот не сакаа да членуваат. Друштвото немоќно посматраше како Германија и Јапонија ја започнаа Втората светска војна. Џеф Лоренти, експерт на Обединетите нации од фондацијата Сенчри:
„Најголемата лекција што можеше да се научи од пропаста на Друштвото на народите беше што големите сили САД и Советскиот сојуз не можеа да останат надвор во очекување светот сам по себе да стане побезбеден. Тие се обидоа да се извлечат од војната на другите, но одеднаш и самите без цел на војна што со ништо не беше испровоцирана„.
Американскиот претседател Френклин Делано Рузвелт уште за време на војната започна иницијатива: тој знаеше дека на светската организација и се потребни силни членови. Најнапред се консултираше со британскиот премиер Винстон Черчил, а потоа на преговарчаката маса ги донесе Кина и Советскиот сојуз. Во септември 1944 година тие ги скицираа основите на организацијата што беше основана нецела година потоа во Сан Франциско. Рузвелт го испрати својот министер за надворешни работи Едвард Стетиниус:
„Потсетуваме дека Германија можеше да биде победена само затоа што нациите ги обединија своите сили за заедничката цел. Само во долгорочен мир ќе биде можно, ако се обединат силите, да се обезбеди мир. Светската организација чија Повелба сега ја пишуваме, мора да биде основана„.
Рузвелт, Черчил и Сталин сакаа во секој случај да спречат Обединетите нации да се оттргант од нивната контрола. Затоа на Генералното собрание во кое се застапени сите членки, не му дадоа полномошно и го создадоа моќниот Совет за безбедност каде што самите имаат постојано место. Тоа од почетокот беше поврзано со правото на вето. Томас Вајс, политолог од њујоршкиот Сити Универзитет:
„Причината зошто САД се приклучија на Обединетите нации, а не на Друштвото на народите е правото на вето. Тоа исто така е причина зошто Советскиот сојуз влезе во Обединетите нации„.
Почетоците на Обединетите нации многу ветуваа: во 1948 година беше усвоена Декларацијата за човековите права, важен темел на меѓународното право.
Меѓутоа, се повеќе воените сојузници стануваа огорчени противници – конфликтот меѓу комунистичкиот и слободниот западен свет го подели Советот за безбедност. Некогаш моќното тело се најде во ќорсокак зашто петте постојани членови често го користеа правото на вето. Обединетите нации беа парализирани пред се кога големите сили САД и Советскиот сојуз беа директно погодени - се до крајот на 80-десттите години.
Со паѓањето на Берлинскиот ѕид и со завршуавњето на источно-западниот конфликт заврши и времето на блокади во Советот за безбедност: петте постојани членки сега многу ретко го користат правото на вето. Одеднаш Обединетите нации добија полет.
Тоа посебно важи за мировните мисии. Во 1988 година светската организација ја доби Нобеловата награда за мир. Потоа барањата за сини шлемови стануваа се погласни и се почесто беа праќани во мировни мисии: само меѓу 88 и 93 имаше повеќе акции на сините шлемови отколку во претходните 40 години. Тие во никој случај не беа сите успешни: сините шлемови не можеа да ја спречат граѓанската војна во Сомалија, ниту да го спречат геноцидот во Руанда, а и во Босна се најдоа под критика зашто дозволија масакрот во Сребреница да се случи пред нивни очи.
Сепак, голем број мисии имаа добро дејство, пред се таму каде што беа користени нивните услуги во обновата на државните институции. Давид Хајери посматраше и анализираше за Обединетите нации повеќе мисии:
„Има цела низа примери каде што луѓето, по некоја мисија на Обединетите нации, повторно живеат во мир: во Камбоџа, Мозамбик, во Централна Америка, но и на Балканот, на пример во Источна Славонија. Присуството на мировните сили на светската организација беше многу успешно„.
На 60-годишнината од постоењето, Обединетите нации посакуваат суштинска реформа, барем таков беше планот на генералниот секретар Кофи Анан. Меѓутоа, големиот самит во септември усвои само мал дел од агендата: така во иднина треба да постои сопствена комисија за мировни мисии и да биде основано ново тело за човековите права во Женева. Барањата на одделни земји, меѓу нив и Германија, за реформа на Советот за безбедност, засега се замрзнати. Постојано место за Германија во ова највисоко тело на Обединетите нации е под прашалник повеќе од кога и да е.