36 загинати во нападот во Истанбул, Турција ја обвинува ИС
29 јуни 2016Најмалку 36 лица загинаа, а над 150 се повредени во терористичкиот напад на аеродромот „Кемал Ататурк“ во Истанбул. Турските власти за нападот ја обвинија „Исламската држава“. Иако досега никој не презеде одговорност за нападот, турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека „доказите укажуваат на Даеш“, друго име за „Исламската држава“.
Нападот го извршиле тројца терористи кои најпрво пукале од автоматско оружје, а потоа активирале експлозив. Очевидци на нападот велат дека на аеродромот владееле терор и паника.
Нападот ги запре сите летови од и кон Истанбул, но во меѓувреме неговата работа продолжи со мали одложувања.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на меѓународна заедничка борба против тероризмот.
Во сличен напад врз аеродромот и метро-страница во Брисел во март годинава, загинаа 32 лица.