35 години затвор за Бредли Менинг
21 август 2013Реклама
Судијата на Воениот суд, Денис Линд нареди негово отпуштање од војска. Во затворската казна на Менинг ќе му биде пресметано и времето поминато во притвор, во кој помина 1.294 дена, така што на слобода ќе излезе за нешто помалку од 32 години.
Минатиот месец Менинг беше прогласен за виновен по речиси сите точки на обвинението, освен онаа најтешката – помагање на непријателот.
Менинг за време на судењето призна дека на Викиликс му проследил опсежна документација, но тврдеше дека не го направил тоа за да и‘ помогне на Ал Каеда, туку да покрене јавна расправа за американската надворешна политика. На рочиштето пред изрекувањето на казната, Менинг и‘ се извини на татковината ако со своите постапки и‘ нанесол штета.