2010 ќе биде критична за Авганистан
21 април 2010Министерот за одбрана Карл-Теодор цу Гутенберг, во Берлин, на прес конференција со командантот на силите ИСАФ, генерал Стенли Меккристал, изјави дека Германија и натаму ќе презема водечка одговорност како и досега.
Мисијата во Авганистан е опасна, во одредени делови дури и многу опасна, оцени во Берлин германскиот министер за одбрана Карл-Теодор цу Гутенберг, ветувајќи дека „ќе биде сторено се‘ за најдобра можна заштита и најдобро можно вооружување на трупите“. Командантот на меѓународните заштитни сили во Авганистан, Стенли Меккристал го пофали Бундесверот за извршувањето на задачите. Токму Германците си ја вршат работата на север на земјата со голем успех, изјави Меккристал по рагзоворите со Гутенберг, нагласувајќи: „Германија останува многу важен партнер во работењето во Авганистан“. Генералот процени дека 2010 година ќе биде многу критична и дека Авганистанците мора да се оспособат самите да ја градат иднината на својата земја.
„Безбедноста на нашите сили и на Авганистан зависи од самите Авганистанци. Треба да ги заштитиме и да соработуваме со нив.“
Германскиот министер за одбрана и генералот пред разговорите положија венци на просторот пред министерството за одбрана во Берлин, во чест на седумтемина загинати војници на Бундесверот во Авганистан во последниот месец. Инаку, досега, во Авганистан животот го имаат загубено вкупно 43-ца германски војници.
Автор: ЕМФ/СН/дпа/дв
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска