20 загинати во судирите меѓу Хамас и Фатах
12 јуни 2007Реклама
Борбата за превласт меѓу ривалските Палестински организиации Фатах и Хамас одново ескалираше. Во последните борби бројот на жртвите според болнички извори изнесува најмалку 20 лица. Дописниците известуваат дека во близина на канцеларијата на претседателот на Палестинците и шеф на Фатах Махмуд Абас паднала граната. Куќата на премиерот Исмаил Ханија од Хамас пак била општетена од истрели. Жртви или повредени немало при овие два напада. Претставник на Фатах појасни дека ситуацијата може да се именува само уште со зборот војна. Од јануари 2006 година во борбите меѓу двете групи според проценките убиени се повеќе од 600 Палестинци.