1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

20 јули 1944 година - ден кога можеше да се семни историјата

22 јули 2005

На 20 јули 1944 година, групата на отпор околу Клаус Шенк грофот од Штауфенберг изврши атентат врз Адолф Хитлер. Тој преживеа, а заговорниците беа погубени. Штауфенберг оттогаш е најпознатата фигура на германскиот отпор против нацистичката диктатура. Сепак во плановите да се урне режимот учествуваа и многу други луѓе.

https://p.dw.com/p/Acm7
Во 1944 година беше извршен неуспешен атентат врз Адолф Хитлер
Во 1944 година беше извршен неуспешен атентат врз Адолф ХитлерФотографија: dpa

Меѓу оние кои ги поддржуваа плановите за уривање на наци режимот е и Карл Фридрих Герделер, од 1930 година градоначалник на Лајпциг. Тој од 1940 година се среќаваше со критичарите на режимот и сакаше да организира државен удар. Знаеше и за подготовките за атенатат од страна на грофот Штауфенберг. На 17 јули 1944 година беше издаден налог за апсење. Герделер побегна, но беше фатен на 2 февруари и како заговорник погубен во Берлин. Неговото цело семејство уште од јули по атентатот врз Хилтлер беше во затвор, а дури по крајот на војната тие беа ослободени од концентрациониот логор. Една од ќерките на Карл Герделер, во предвечерието на одбележувањето на атентатот врз Хилтлер, во Берлин се присетуваше, како ги доживеала деновите на атентатот и реакцијата на наци режимот.

„Бев заедно со неа во концентрационен логор, и јас сум клановски затвореник, заедно бевме ослободени. Тоа ми минува низ глава.“

Црквата Свети Матеја се наоѓа речиси директно на Потсдамер Плац, во центарот на Берлин. Делува мала и осамена крај постмодерните згради со стаклени фасади. 20 часот, на небото облаци и студен ветер. Во црквата Свети Матеја таа вечер сите места беа зафатени. Гостите дојдоа од прием во берлнскиот градски совет, тивки разговори. Една стара жена станува, таа има 86 години. Син блејзер, блуза и бела коса. Таа е висока и слаба. Маријане Мајер Крамер е ќерката на погубениот борец од отпорот Карл Герделер, а во негова чест луѓето се собраа во црквата. Маријане е мирна и пред микрофонот вели:

„Утре на Плетценсее, најрадо да се затворат очите пред обесеното месо, а на Штауфенбергштрасе да се затворат ушите за истрелите кои камшикуваат во душата, да не се чујат.“

Потоа ја раскажува својата приказна, приказната на Маријане Герделер, ќерката на Карл Герделер. Како таа ги доживеа деновите од атентатот врз Хитлер бидејќи еден од бунтовниците беше нејзиниот татко:

„На 18 јули утрото, влезе во спалната соба кај нас, неговите две ќерки, силно не прегрна и замина. Тоа беше последното збогување.“

Два дена подоцна, на 20 јули се случи атенатот врз Хитлер. Неуспешено. Маријане Герделер прочита во весник и веднаш и стана јасно:

„Тогаш одеднаш душата пропадна во бездна. Кога го прочитав името Штауфенберг знаев дека никогаш повеќе нема да го видам татко ми. Имено Штауфенберг честопати го слушав во разговорите на моите родители.“

За ќерката следуваше клановски затвор, во затвор и концентрационен логор. Кога Маријане Мајер Крамер говори за затворот ретко го крева погледот. Со спуштен поглед гледа во нејзините раце.

„Во осум се појавуваа чуварките и ги врзуваа моите раце. Лошото беше што морав да гледам во сијалица. Имено со врзани раце неможеш да се свртиш. Цела ноќ стоев и гледав во една запалена сијалица.“

Следуваше повеќемесечен затвор без вест за нејзиниот татко. Тогаш едно утро во септември

„Се отвори вратат на ќелијата и фрлија весник. Ова мора да го прочитате! Го земав весникот и го видов само насловот: Герделер е осуден на смрт со бесење. Овој весник беше како оган во моите раце.“

Сега Маријане Мајер Крамер погледнува нагоре, и гледа во немите лица во полната црква

„Ако животот е милостив, тогаш раните смеат да заздрават, а стравовите, ужасите и грижите да не ни го крадат повеќе сонот. Но долгите сенки на сеќавањето постојано ќе не следат. Мислам тие треба да му дадат смисла на нашиот живот и да имаат место во него.“

Луѓето ја напуштија црквата и излегоа надвор. Што се случи со нив:

„Она што никогаш неможам да го разберам е дека овие луѓе ги имаше во оваа земја, и дека вршеа ваква бруталност и вакво понижување, и дека ги имаше толку многу.“

Друг посетител дополнува:

„Се надевам дека младите ќе размислат, и дека зборовите кои беа изговорени ќе стигнат во нивните срца.“