15 загинати во напад во јужен Авганистан
18 август 2007Реклама
Во самоубиствен бомбашки напад на југот од Авганистан загинаа најмалку 15 лица . Уште најмалку 25 биле повредени во нападот-соопшти локалната полиција. Најголем дел од жртвите се цивили , меѓу нив и авганистански соработници на една американска фирма за обезбедување. Тие требале да обезбедуваат еден воен тарнспортен конвој кој патувал од Кандахар до провинцијата Хелманд.