1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

13 војници на НАТО убиени во Авганистан

29 октомври 2011

Во бомбашки напад со автомобил бомба загинаа 13 припадници на мировните сили ИСАФ во главниот град Кабул, во најсмртоносниот напад од овој тип во изминатите десет години.

https://p.dw.com/p/131dM
Фотографија: dapd

Покрај војниците на НАТО во нападот загинале и тројца цивили и еден авганистански полицаец. Со исклучок на хеликоптерските несреќи во земјата, ова е најсмртоносниот напад извршен врз припадниците на меѓународните сили во земјата, десет години по почетокот на операциите на сојузниците.

Смртоносните напади досега беа релативно ретки во силно обезбедуваниот Кабул, за разлика од бројните напади на југот и истокот на Авганистан. Пред два месеци мала група талибанци изведоа напад во центарот на Кабул, но тогаш бројот на жртви беше помал. Талибанците ја презедоа одговорноста и за денешниот напад, соопштувајќи дека го извеле со автомобил бомба во која имало околу 700 килограми експлозив.

Во одвоен напад во јужната провинција Урузган, уште тројца австралијски државјани и еден локален преведувач ги загубиле животите.

Насилството во Авганистан бележи драматичен пораст годинава, и покрај присуството на повеќе од 130 илјади странски војници во земјата.

Автор: БГ/ ројтерс

Редактор: Александра Трајковска