Џорџ Флојд починал од недостаток на кислород
9 април 2021Пулмологот Мартин Тобин од Универзитетот Лојола во Чикаго сведочеше во продолжение на судењето против пролицаецот Дерек Шовин за убиството на Џорџ Флојд и рече дека Флојд починал поради недостаток на кислород.
Тобин рече оти полициското постапување влијаело врз дишењето на Флојд. Тој објасни дека поради тоа што Флојд лежел на земја, со рацете одзади во лисици, и тоа што Шовин едното колено го ставил на неговиот врат, а другото на неговиот грб, влијаело на текот на дишењето.
Токму ова сведочење го поништи аргументот на одбраната оти Џорџ Флојд починал поради конзумирање на дрога и поради хронични здравствени проблеми, а не затоа што Шовин го притискал со колено на вратот.
Повеќе:
-Фотографија на денот: 27 милиони долари отштета
-Фотографија на денот: Правда за Џорџ Флојд
-САД и расизмот: Помалку пари за полицијата?
Досега сведочеа уште двајца лекари. Доктор Вилијам Смок, патолог, кој изјави дека Флојд починал поради гушење кое настапило поради позицијата во која го држеле полицајците.
Доктор Даниел Асеншмит, кој ги работел токсиколошките анализи, сведочеше дека кај Флојд е пронајден фентанол во крвта, но оти нивото е исто како кај повеќе од 2.300 луѓе кои во 2020 година се приведени поради управување на возило под влијание на дрога и алкохол. Никој од тие возачи не починал, рече лекарот.
Полицаецот Дерек Шовин работел 19 години во полиција пред да биде отпуштен поради убиството на Флојд. Тој е обвинет за три кривични дела: убиство од втор и трет степен и убиство од небрежност, за кои Шовин се изјасни дека не е виновен. За тоа ќе одлучи поротата од 12 члена кои се од различни раси.