1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џафери препорачува поголема комуникација

СН/ агенции
13 мај 2017

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери во интервју за српската новинска агенција Бета денеска се осврнува на актуелните запаливи изјави во односите меѓу двете земји.

https://p.dw.com/p/2cuxy
Mazedonien | Neuer Parlamentspräsident kann Amt nicht antreten | Parlamentspräsident Talat Xhaferi
Фотографија: picture-alliance/AA/B. Ademi

Спикерот на македонскиот парламент денеска порача дека Собранието и тој се отворени за соработка со институциите на Србија и оцени оти запаливите изјави на политичарите „во секој случај придонесуваат кон влошување на односите“ меѓу двете земји. „Тие изјави придонесуваат кон влошување на односите, најнапред индивидуално меѓу претставниците на институциите, а тоа, се разбира, преку пропагандата ги допира и односите меѓу народите односно граѓаните на државите во регионот. Во секој случај би требало да се биде одговорен во контекст на изјавите, кои се даваат за своите колеги во други држави“, изјави Џафери во интервју за српската новинска агенција Бета.

Во однос на изјавите на српските официјални претставници дека албанските политичари во регионот се закана за мирот и стабилноста не само на Западниот балкан туку и во Европа, Џафери изјави дека смета оти „ од политички аспект не е умесно политичките претставници на народите да се оквалифукуваат еден со друг на таков начин“. 

Mazedonien | Neuer Parlamentspräsident kann Amt nicht antreten | Parlamentspräsident Talat Xhaferi
Фотографија: picture-alliance/AA/B. Ademi

Тој, во интервјуто уште истакна дека „во принцип, како претседател на Собранието не се впушта во коментарите на претставници на други држави, бидејќи „парламентот е институција, која треба да ги обединува сите политички сили и во земјата и во меѓународен контекст“, но и оти коментарите на српските државници „само придонесуваат кон пропагандата“.

Џафери истакна дека српските и македонските политичари би требало повеќе да комуницираат, без оглед на разликите.

„Моја препорака е повеќе да комуницираат меѓусебно, без оглед на тоа колку различно размислуваат за определени работи“, изјави претседателот на македонското Собрание за српската новинска агенција Бета.