1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе успееме!

Дагмар Енгел / превод: ЕМФ31 август 2016

Култура на добредојде, а потоа скепса. Ќе успееме ли? По една година бегалски бранови, Дагмар Енгел оценува: Да, ќе успееме!

https://p.dw.com/p/1Jsoa
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. v. Jutrczenka

И вие ќе успеете уште еднаш да се позанимавате со оваа реченица на годината, иако за нејзе навистина веќе секој нешто напиша или кажа, вие исто така. Иако можеби вие припаѓате на оние на кои оваа реченица им го качува притисокот: Ќе успеете! Исто како и во сѐ друго што веќе успеавме да го совладаме.

На пример, да се регистрираат околу еден милион бегалци. Иако со месеци изгледаше како да нема да успееме. Притоа, научивме дека ние Германците сосема очигледно комплетно ја потценивме нашата брилијантност во делот на администрацијата. По комплетниот хаос зимоска, Сојузната служба за миграција и бегалци со илјадници нови вработени, е на пат да создаде култура ориентирана кон резултат, култура која може да се насочува во саканиот правец. До крајот на годината, вели шефот.

Поголемиот дел бегалци можеа да ги напуштат спортските сали и сместени се децентрализирано, во општините. Сојузот, покраините и општините во јули успеаја да постигнат согласност дека на општините во период од три години ќе треба да им се влеат седум милијарди евра повеќе. И, при сето ова, германската држава во првата половина од 2016 година има буџетски суфицит од над 18 милијарди евра. Значи, економски комотно ќе успееме!

Engel Dagmar Kommentarbild App
Дагмар Енгел

Во изминатите 12 месеци научивме многу. Доживеавме бран на вчудовидувачка подготвеност за помош, која не стивнуваше, а притоа успеавме да прифатиме дека ние Германците сме сѐ друго само не перфектни,.Моравме да согледаме дека во оваа богата, сигурна земја има луѓе со огромни стравови од загуба и луѓе кои тоа го користат за своите назадни политички агенди. Сепак, во меѓувреме успеваме да не се извлекуваме од соочување со ваквите нешта, и покрај принципиелната срамежливост на Германците од дебати. Во оваа земја одамна немало таков судир. Тоа е добро, зашто демократијата значи и конфликт, по решенијата мора да се трага напорно. Успеавме да ја напуштиме нашата вечна комфорна зона, а тоа е прв предуслов за да се порасне.

Притоа, најголемиот дел од нас успеа да се збогува од идејата за етно-германска национална држава, што и онака отсекогаш беше само илузија. Доселувањето во најразлични форми постоело од настанувањето на германската држава.

Пресудата за германската политика кон бегалците ќе ја даде историјата. И, притоа ќе се консттаира дека Германците имале храброст да им помогнат на бегалците во нужда, наспроти сите стравови, наспроти сите проблеми и големи тешкотии. Ќе се констатира дека Германците го искористиле моментот: Во 2015 година почнале да ја пишуваат успешната приказна. И дека успеале!

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема