1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе добие ли Бундесверот нови задачи во Авганистан?

Нина Веркхојзер17 јануари 2008

За каков ангажман станува збор, како и за првите реакции во германската политичка сцена.

https://p.dw.com/p/CrAI
Ќе добие ли и поинакви задачи? Војник на Бундесверот во полна опрема во градот Кундус.Фотографија: picture-alliance/ dpa

На норвешките војници од силите за брза интервенција мандатот им истекува на лето. Станува збор за чета од околу 250 војници подготвени и опремени за брзи операции од различен вид, како на пример заштита на конвои, акции на ослободување заложници или смирување на нереди на локалното население.

Ако сојузниците од НАТО и‘ ја дадат оваа задача на германската армија, тогаш се отвора прашањето дали станува збор за проширување на сегашниот мандат на Бундесверот и ако да со какви последици. Нема промена Портпаролот на Министерството за одбрана Томас Рабе смета дека не станува збор за никаква промена.„Веќе денес има сличен профил на германските сили на северот на Авганистан. Постојат сили за итна реакција, кои можат да бидат ангажирани на различни места. Не сакам да се стекне впечаток дека овде станува збор за потполно нов квалитет на нашиот ангажман во Авганистан!„ Опозицијата смета дека станува збор за проширување на ангажманот Токму таков впечаток веќе стекнаа делови од германската опозиција. На пример Биргит Хомбургер од Либералната партија: „Тоа е натамошно проширување на спектарот на ангажмани на Бундесверот. Сосема јасно е дека станува збор за нов квалитет и се прашувам зошто Министерството за одбрана се плаши отворено да каже дека овде станува збор за офанзивни операции, за борбен ангажман! Министерството во Берлин навистина ги одбегнува таквите квалификации и потсетува дека со постојниот мандат е покриено и дејствувањето на сили за брза интервенција. За експертот за одбрамбени прашања на Партијата на Зелените, Винфрид Нахтвај таквата аргументација не е издржана:„Кога станува збор за сили за брза интервенција мора да се подготвиме на фактот дека нашите војници ќе бидат вовлечени во борби со воено организиран противник. Тоа е нешто поинакво од досегашните патроли во рамките на тимовите за обнова, кои користеа оружје само за сопствена непосредна одбрана.
Конечната одлука на германската влада дали ќе ги стави на располагање силите за брза интервенција треба да падне до крајот на овој месец.