1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јоахим Лев останува селектор на Германија

АТ/ дпа/ сид19 јули 2014

Капитенот заминува, но тренерот останува. Јоахим Лев останува селектор на германската фудбалска репрезентација, уверува претседателот на Фудбалскиот сојуз, Волфганг Нирзбах.

https://p.dw.com/p/1CfVQ
Фотографија: picture alliance/GES-Sportfoto

Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз Волфганг Нирзбах, по ненадејното повлекување на капитенот Филип Лам не очекува слична реакција од селекторот Јоахим Лев. Претседателот на Фудбалскиот сојуз една недела по финалето на СП во Бразил е речиси уверен дека Лев ќе ја предводи германската фудбалска репрезентација и на Европското првенство во фудбал во 2016. година.

„Работите се разјаснети. На 3. септември следува наредниот натпревар на националната репрезентација, повторно против Аргентина. И јасно е кој тогаш ќе седи на клупата“, рече Нирзбах на маргините на собирот на Баварскиот фудбалски сојуз во Бад Гегинг - тој мислеше на актуелниот селектор, 54- годишниот Јоахим Лев.

„За сојузниот тренер не треба да сте загрижени. Тој има првокласен работодавец“, рече Нирзбах во интервју за првата програма на германската телевизија (АРД).

Договорот на Лев беше продолжен уште пред Светското првенство во Бразил за две години до ЕП во Франција во 2016. година. Лев по победата во финалето против Аргентина нагласи дека тој „прво мора да се смири“ и дека потоа ќе води разговор со Нирзбах. Фудбалерите по три недели одмор мора повторно да се јават во своите клубови.

Националната репрезентација повторно ја започнува сезоната на меѓународни натпревари во септември. Четири денови по пријателскиот натпревар на 3. септември во Диселдорф против Аргентина, во Дортмунд започнуваат квалификациите за ЕП во 2016. година. Германија ја пречекува Шкотска.