1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јагма за Фејсбук на берзите

Б. Георгиевски/дв/ап18 мај 2012

Осум години по основањето на компанијата, влегувањето на Фејсбук на берзите се очекува со невидено внимание. На продажба се околу 420 милиони акции со почетна поединечна вредност од 38 долари.

https://p.dw.com/p/14xGE
Фотографија: picture-alliance/dpa

Социјалната мрежа Фејсбук денеска ќе почне со продажба на акции на берзата во Њујорк, кои се очекува да и’ донесат најмалку 18 милијарди долари на првиот ден од тргувањето. Најпопуларната социјална мрежа вчера соопшти дека една акција ќе има почетна вредност од 38 долари и тоа предизвика вистинска јагма кај приватните инвеститори. На пазарот се пуштени вкупно 421 милиони поединечни акции.

Се проценува дека почетната вредност на компанијата ќе достигне повеќе од 100 милијарди долари, а акциите во текот на денов се очекува да пораснат за најмалку 10 проценти.

Internetfirmen Börsengang Internet Blase 2.0
Се очекува акциите во текот на денот да пораснат за 10 процентиФотографија: AP / picture-alliance/dpa

Фејсбук има околу 900 милиони корисници, а компанијата минатата година генерираше профит од околу една милијарда долари, што се смета за релативно скромно достигнување.

Аналитичарите проценуваат дека неколкумина водечки акционери во Фејсбук предводени од сопственикот Марк Зукерберг ќе станат инстант милијардери по првиот ден од тргувањето.

Излегувањето на берзите се очекува да го промени и начинот на работење на Фејсбук во иднина, а компанијата во иднина најверојатно далеку повеќе ќе се концентрира на онлајн рекламирањето и експанзија во сегментот на мобилната телекомуникација.