1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмајер – Косово

26 јануари 2006

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер кој денеска присуствува на погребот на косовскиот претседател Ибрахим Ругова, вчера имаше средба со членовите на комитетот за Балкан на германскиот Бундестаг.

https://p.dw.com/p/AcXL

Во оценката за германскиот ангажман на Косово и за европските перспективи за Балканот, Штајнмајер изјави:

„Германскиот ангажман на Косово е голем и ќе остане таков. Ние ја поддржуваме контакт групата и се надеваме дека по смртта на господин Ругова, процесот ќе продолжи. Се надеваме дека на негово место ќе дојдат луѓе способни за решенија што ќе бидат во состојба да го продолжат процесот на преговори„.

Во врска со вкупната ситуација на Балканот, Штајнмајер изјави:

„Многу е важно за Балканот да се одржи европската перспектива. Без таква европска перспектива нема да има стабилизација во регионот и затоа мораме цврсто да го држиме тој курс„.