1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмајер:„На Македонија ќе и биде признаен статусот – земја кандидат„

O-Ton15 декември 2005

„Сметам дека самитот на Европската унија ќе се изјасни во полза на кандидатурата за членство на Македонија„

https://p.dw.com/p/AcAV
Штајнмајер зборува во Бундестагот
Штајнмајер зборува во БундестаготФотографија: AP

Ова го изјави германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер во денешната дебата во Бундестагот посветена на проблемите со кои ќе се соочи Унијата на самитот што започнува доцна попладне во Брисел. Штајнмајер се осврна и вкупната политика на ЕУ кон Западен Балкан:

„Една друга тема надвор од буџетот со која интензивно се занимаваа министрите за надворешни работи во последниве денови, беше перспективата на државите од Западен Балкан. Да не должам: тоа не е едноставна тема во рамките на Унијата, зашто е познато дека меѓу земјите-членки нема едногласност. Но, има перспектива за земјите од Западен Балкан и таа гласи: сакаме да го дадеме својот придонес во тоа претседателот Ахтисари да има успех во неговата мисија на Косово во наредните 12 месеци. Тој успех ќе обезбеди рамки што ќе значат одржување на просторот за приближување на државите од Западен Балкан кон Европската унија„.

Зборувајќи за Македонија, Штајнмајер изјави:

„Во последните две-три недели се дебатираше за тоа дали на Македонија да и го признаеме статусот на земја кандидат. Се чини дека за ова прашање, и покрај скептицизмот на вкупно 4 држави, на самитот ќе биде постигната согласност за тоа со дебата за границите на Европската унија, за што земјите членки во секој случај ќе разговараат во идната година„, подвлече Штајнмајер.