1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шредер бара поддршка за реформскиот курс од делегатите на Конгресот на СПД

17 ноември 2003
https://p.dw.com/p/AcSL
Шефот на германската социјадемократска партија, Герхард Шредер, денеска побара од делегатите на Конгресот во Бохум поголема поддршка за реформскиот курс на неговата влада. Без предложените болни реформи не е можно одржувањето на социјалната држава, посочи Шредер и ги повика сопартијците на храброст за соочување со вистината и политичка волја за промени.

"И по 140 години се наоѓаме повторно на почетокот на една нова епоха, обележана со до сега непознати демографски промени и притисок од процесот на глобализација. Но, доколку не сакаме самите да си го загорчиме животот повеќе од она што веќе е, тогаш ова ќе биде голема епоха на социјалдемократијата. Агендата 2.010 ги одбележува неопходните политички промени на почетокот од оваа епоха, но на овој Конгрес не станува збор само за Агендата. Ние овде расправаме за Германија во 2.010 година, како социјалдемократска земја."

За проблемите поврзани со глобализацијата зборуваше и Отмар Шрајнер, шеф на работната група за работнички прашања:

"Ние спаѓаме меѓу класичните земји добитници од процесот на глобализација. Но, и тоа има опачина, и ние во Германија имаме губитници од овој процес. Тоа се неквалификуваните или недоволно квалификуваните работници, млади луѓе без вишо и восоко образование, долгорочно невработени лица. Ако сакаме и ним да им дадеме некаква перспектива, тогаш одговорот мора да гласи: образование и натамошна квалификација."

На делегатите им се обрати и министерот за економија и труд, Волфганг Клемент:

"Навистина не се малку оние, кои сакаат да ја видат нашата пропаст. Но, има исто така многумина кои со загриженост го вртат погледот кон нас и кои барем се надеваат дека повторно ќе успеем да покажеме способност и волја да носиме одговорност за Германија."