1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпионажа во Ватикан

11 септември 2006

Ватикан секогаш беше благодарен објект за скандалозни приказни. Причината е во тоа што католичкото водство во ова медиумско време порадо не соопштува информации. Затоа пак тоа собира информации од целиот свет и на тој начин спаѓа меѓу најдобро информираните политички водства што ги привлекува тајните служби како муви. Новинарот Вернер Калтефрајтер тоа го разоткрива во неговата книга „Шпионажа во Ватик

https://p.dw.com/p/AerW
Ватикан во фокусот на тајните служби во светот-како ги добива информациите?
Ватикан во фокусот на тајните служби во светот-како ги добива информациите?Фотографија: AP

�н„.

Папата Бенедикт 16 постојано апелира до противниците на Блискиот исток да го остават оружјето и да овозможат да му се дотури помош на невиното цивилно население. Конфликтот мора да се реши со преговори и да се најде пат кон мир. Иако папата постојано нагласува дека не сака да се меша во политиката, останува нејасно дали Ватикан тајно не нуди дипломатско посредништво. Тоа воопшто не би било невообичаено. На пример Јован 23: во 1962 година за време на кубанската криза кога светот се најде на работ на атомска војна, тој посредуваше меѓу Вашингтон и Москва и помогна да се избегне катастрофа, како што призна Кремљ:

„И папата дејствува политички не само затоа што стои на чело на една светска црква која располага со голем број информации. Светата столица е примена во меѓународната заедница како меѓународно-правен субјект. Денес одржува дипломатски односи со преку 170 држави на планетава, папата прима шефови на држави и водечки личности„, констатира новинарот Вернер Клатефлајтер. Поранешниот редактор на Втората германска телевизија кој одлично го познава Ватикан, истражуваше како тајните служби од целиот свет се обидуваат да ги истражат папата и неговата Курија. И тоа не е од интерес само за противниците, туку и за државите кои се блиски до католичката црква или се неутрални. Тајните служби пред се сакаат да дознаат што се знае Ватикан:

„Самиот Ватикан нема шпиони, не му се потребни, тоа не се шпиони во класична смисла, но има многу информатори. Секој нунциј, бискуп со неговите посети, секој мисионер, секоја калугерка на каков и да е начин информира за својата земја, за ситуацијата во сопствената земја„.

Кои информации му се доставуваат на ватиканскиот државен секретаријат останува строга тајна. Извештаите на папските пратеници, нунциите, не им се познати ниту на биксупите од соодветната земја.

Особено во времето на Втората светска војна и студедната војна што уследи потоа беа периодите на интензивна шпионажа против Ватикан. Го набљудуваа новинари, но и свештеници, по налог на КГБ и на источно- берлинското министерство за државна безбедност. Актите на Штази понудија некои изненадувања: кои се наводно безопасни луѓе од црквата воделе двоен живот. Ниту Калтефлајтер во неговите истражувања не успеа да дознае кои се источни тајни служби биле одговорни за атентатот врз Јован Павле Втори на 13 мај 1981 година:

„Имам писмо од Горбачов што е единствениот документ што може да се цитира, во кое лично ми пишува дека ништо не му е познато за соучество на КГБ„.

Инаку, Калтефлајтер неговите истражувања ги објави заедно со колегата Ханс Петер Ошвалд во книгата „Шпиони во Ватикан. Папите во фокусот на тајните служби„.