1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Швајцарците наскоро ќе останат сами дома

АТ/ дпа17 февруари 2014

Швајцарскиот референдум за ограничување на доселувањето би можело скапо да ја чини земјата. ЕУ смета дека е во опасност слободата на движењето и ги прекина преговорите за две образовни програми вредни милијарди евра.

https://p.dw.com/p/1BAAS
Фотографија: picture-alliance/dpa

Поради спорот за слободата на движењето меѓу Швајцарија и новата ЕУ- членка Хрватска, Европската унија ги повлече првите консеквенци. Преговорите за учество на Швајцарија во програмата за размена на студенти Erasmus Plus и европскиот истражувачки проект Horizon 2020, тежок милијарди евра, се целосно замрзнати, рече портпарол на Комисијата вчера вечер во Брисел. Со тоа Швајцарија би можела да загуби европски пари за истражување и образование.

Швајцарците пред една недела со тесно мнозинство на референдум гласаа против „масовно доселување“ во земјата. Изминатиот викенд швајцарската министерка за правда Симонета Сомаруга ѝ соопшти на хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ дека новите уставни одредби забрануваат склучување на меѓународно-правни договори, кои би значеле неограничено доселување. Договорот, за кој што веќе беше постигната согласност меѓутоа на граѓаните на Хрватска им овозможува целосна слобода на движење по десет години. Бундесратот проверувал можни решенија, кои не би ја дискриминирале Хрватска, соопшти Сомаруга.

„Слободаната размена на лица меѓу ЕУ и Швајцарија е основен принцип, кој не сакаме да го ставиме под знак прашање“, изјави портпаролот на Комисијата за агенцијата Дпа. „Исто така бидејќи тоа е дел од еден поголем пакет, кој ѝ овозможува на Швајцарија пристап до европскиот внатрешен пазар“.

Меѓу двете програми Erasmus plus како и Horizon 2020 и слободата на движењето - во овој случај на студентите и научниците има тесна поврзаност. Сите идни преговарачки рунди за партиципација на Швајцарија во програмите се одложени, сѐ додека алпската република не го потпише протоколот.