Шахтјор им се заканува на профи-фудбалерите со казни
21 јули 2014Претседателот на фудбалскиот клуб Шахтјор, Ринат Ахметов, во соопштение до медиумите денеска го пренесе своето убедување дека шестмината професионални фудбалски играчи многу скоро ќе се вратат на своите работни места во Доњецк. Но, истовремено, тој најави и многу строги казни, кои се регулирани со нивните договори. Ахметов ги увери играчите дека неговиот клуб гарантира за нивната безбедност. Доњецк, околу кого моментно се водат жестоки борби, е упориште на проруските сепаратисти во Источна Украина.
Украински Шахтјор се наоѓа во сериозни проблеми во пресрет на новата сезона. Веќе утре на распоред е двобојот во рамки на украинскиот Суперкуп против Динамо Киев.
Имено, по подготовките во Франција, добар дел од фудбалерите одбиле да се вратат во Украина, заради политичката криза во земјата, како и воените дејствија на истокот. Станува збор за Бразилците Даглас Коста, Фред, Дентињо и Алекс Теиксиера, како и Аргентинецот Факундо Фереира, кои го информирале клубот дека бараат итен трансфер.
Екипата од Доњецк плати за овие шестмина над 40 милиони евра.