1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Четири двојки во бадминтон дисквалификувани

АТ/ миа/ ард1 август 2012

Меѓународната федерација во бадминтон реагираше на скандалозните мечеви во бадминтон во женска конкуренција на олимпискиот турнир и од Игрите од Лондон дисквалификуваше четири двојки.

https://p.dw.com/p/15hka
Фотографија: Reuters

Сите осум спотистки во бадминтон од Кина, Јужна Кореја и Индонезија кои беа обвинети за повреда на фер-плејот и неспортско однесување и се дисквалификувани од олимпискиот турнир во Лондон со одлука на Меѓународната федерација во овој спорт.

Осумте натпреварувачки во бадминтон беа претходно суспендирани и против нив Меѓународната федерација во бадминтон започна истрага, по синоќешниот скандал на олимписките мечеви во женски двојки меѓу Кина и Јужна Кореја, како и меѓу Индонезија и Јужна Кореја. И во двата меча, олимпијките од овие три земји настојувале по секоја цена да доживеат пораз, поради што судиите на неколкупати ги предупредале натпреварувачките да играат спортски. Олимпијките се обвинуваат дека намерно погрешно сервирале, удирајќи го топчето во мрежата, или исфрлајќи го надвор од теренот. Познавачи на оваа игра велат  дека двете двојки кои веќе ги минаа квалификациите, сакале да загубат за да добијат полесни противници во следниот меч.

Јужно корејскиот тренер Сунг Хан Кок дури и призна, дека неговите натпреварувачки сакале да загубат: „Но Кинеските почнаа први“. Исто така и Ју Јанг, една од исклучените натпреварувачки го правдаше своето однесување: „Ние веќе бевме квалификувани, сакавме да заштедиме сила за К.о. мечевите“.

Според портпаролот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК)  Марк Адам Меѓународната федерација во бадминтон има клаузула во своите статути, според која спортитите секогаш мораат да го даваат својот максимум. Сите учесницини на Олимпијадата исто така положуваат заклетва за фер плеј, на церемонијата на свеченото отворање, која ја изговара еден спортист во името на сите. МОК досега не реагираше на скандалот.

Засега не е јасно кој им наложил на натпреварувачките да не играат фер едни против други, но претседателот на Организацискиот комитет лорд Коу на прес-конференција го осуди таквото однесување, нарекувајќи го неспортско и депримирачко за целиот спорт.

Ова е првпат досега на една Олимпијада да биде регистриран ваков скандал.