1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦИА плаќала мито на Кабул?

АТ/ ртрд/ ртре29 април 2013

Со години ЦИА внесувала вреќи пари во готовина во авганистанскиот претседателски кабинет, информира „Њујорк тајмс“. Парите најверојатно се изгубиле во дубиозни канали и ја поттикнале корупцијата во земјата.

https://p.dw.com/p/18OmB
Фотографија: DW

Според еден извештај на „Њујорк тајмс“ американската тајна служба ЦИА со години плаќала поткуп во авганистанскиот претседателски кабинет, за да си го обезбеди влијанието врз претседателот Хамид Карзаи. Повеќе десетици милиони долари во ранци, куфери или дури и во ќеси од продавница биле внесени во зградата, информира весникот повикувајќи се на сегашни и поранешни советници на авганистанскиот претседател.

Карзаи не се збогатил лично

Така наречените „дух-пари“, се информира понатаму, според американски владини кругови ја поттикнале корупцијата во Авганистан и уште повеќе ги зајакнале локалните властодржци. „Најважна причина за корупција биле Соединетите држави“, цитира весникот.

Според „Њујорк тајмс“ сепак нема докази за тоа дека Карзаи лично примал пари. Исплатите се одвивале преку неговиот Национален совет за безбедност. Парите се влеале кај регионалните воини и политичари, од кои многумина биле вмешани во трговијата со дрога. Во некои случаи биле исплатени пари и на талибанци.

ЦИА одби да заземе став по ова тврдење. Од американското министерство за надворешни работи засега не го коментираат извештајот.

„Ние ги нарекуваме дух-пари“, рече шефот на штабот на Карзаи во периодот од 2002 до 2005 година, Калил Роман за весникот. „Тие дојдоа тајно и исто така тајно не‘ напуштија“. Повеќе од една деценија речиси секој месец по овој пат стигнувале високи суми во претседателската палата во Кабул, пишува „Њујорк тајмс“.

САД во моментов подготвуваат повлекување на трупите од Авганистан. Откако ќе бидат повлечени борбените единици, силите за безбедност на Авганистан и полицијата самите ќе ја преземат одговорноста за безбедноста во земјата. Тие секоја година добиваат помош во милијарди од меѓународните донатори. Сепак е тешко за силите за безбедност да регрутираат доволно подмладок.