ЦДУ-60 години
17 јуни 2005
Во политиката важи правилото: кој не ризикува, тој не победува. Со поглед кон дебатата за изборната програма на ЦДУ, Меркел вети јасно именување на проблемите и придржување кон реформите:
„Нашата мотивација се вика Германија. Нашата обврска е насочена кон доброто на луѓето. Тоа е суштината на нашата задача: за единство, правда и слобода, тогаш и денес„.
Политика без страв, политика на храброст, рече Меркел:
„Тоа се бара денес. Демократијата и социјална пазарна економија не се дадени еднаш за секогаш, туку нашите вредности мораат да се потврдуваат во времето на глобализацијата и науката, а ако сакаме да ги потврдиме, тогаш мораме да бидеме подготвени правилно да се поставиме„.
Поранешниот канцелар Хелмут Кол потсети на постигањата на ЦДУ во повторното обединување на Германија во 1990 година. Додуша, германското обединување не и припаѓа на една партија, но:
„Меѓутоа, ниту една политичка групација не ннастапи толку безрезервно за обединувањето на нашата татковина„, посочи Кол.