1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦДУ донесе нова политичка платформа на конгресот во Хановер

Stützle, Peter4 декември 2007

Владеачката христијанско демократска Унија на Германија на вчерашниот конгрес во Хановер донесе нова политичка платформа и се профилираше во клучна партија на политичкиот центар.

https://p.dw.com/p/CWWt
Потполно во центарот: Ангела Меркел на Конгресот во Хановер со најблиските соработници од раководствотоФотографија: AP
Новата политичка програма на христијанските демократи го носи насловот: „Слобода и сигурност – темели за Германија„. Во програмата, на која и‘ претходеше опсежна дебата внатре во партијата, стојат заложбите за помодерна слика за семејството, за воведување на инаку оспоруваниот термин „водечка култура„ на полето на интеграцијата на странците, за ангажман на армијата и во  внатрешната безбедност, за продолжување на векот на атомските централи и против пристапувањето на Турција кон ЕУ.


Делегатите на конгресот поднесоа и повеќе амандмани, но во принцип ја прифатија водечката нитка на раководството:


„Со ова е донесена политичката платформа на ЦДУ со еден глас против, два воздржани од вкупно 1.000 гласови!„ – изјави свечено членот на раководството Кристијан Вулф.


Ваквиот резултат на гласањето не зачуди никого, бидејќи делегатите претходно со овации го поздравија говорот на лидерот на партијата Ангела Меркел. Во него таа го критикуваше помалиот коалиционен партнер, социјалдеократите дека го напуштиле политичкиот центар на конгресот во октомври. Така ослободениот политички центар сега ЦДУ го бара потполно за себе. На тој начин меѓутоа христијанските демократи станаа и покритички настроени кон претприемачите, чиј интерес принципиелно го застапуваат:


„Социјално е она што создава нови работни места. Но, исто така е вистина дека луѓето имаат право да бидат соодветно платени за нивниот труд. Затоа ние во Унијата не се согласуваме со плати спротивни на добрите обичаи„ – нагласи Меркел на конгресот на ЦДУ во Хановер.