1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хунтелар херој на Холандија

АТ/ миа/ макфакс30 јуни 2014

Четирите репрезентации веќе обезбедија пласман во четвртфиналето на СП. Денеска ќе биде позната и третата четвртфинална двојка од селекциите на Франција, Нигерија, односно Германија или Алжир.

https://p.dw.com/p/1CSWw
Фотографија: Reuters

Фудбалерите на Холандија изборија пласман во четвртфиналето на Светското првенство, откако со голот на Хунтелар од пенал, постигнат во 94.минута, го елиминираа Мексико.

Мексиканците беа поактивни и подобри во првото полувреме кое заврши без голови, додека играта и тактичката поставеност на Ван Гал се растури уште во деветтата минута, кога Де Јонг поради повреда го заврши мечот.

Мексико стигна до предност во 48.минута од натпреварот со голот на Дос Сантос. Цели 40 минути Мексиканците ја одржуваа предноста, кога во 88.минута резервистот Хунтелар му асистираше на Снајдер, кој со силен удар го совлада Очоа.

WM 2014 Achtelfinale Niederlande Fan
Навивач на Мексико по загубениот меч против ХоландијаФотографија: Getty Images

Во 94. минута Робен успеа да изнуди пенал. Одговорноста ја презеде Хунтелар кој ја одведе својата репрезентација во четвртфиналето.

Во вториот осминафинален меч се сретнаа Костарика и Грција. Репрезентацијата на Костарика се пласира во четвртфиналето на Светското првенство по изведувањето пенали.

По регуларните 90 минути резултатот беше 1:1, тој не се промени ниту по дополнителните 30 минути игра, а по изведувањето на пенали Костарика ја совлада Грција со 5:3.

WM 2014 Achtelfinale Griechenland Costa Rica Tor
Костарика подобра во изведување пеналиФотографија: Reuters

Во четвртфиналето на 5. јули Костарика ќе игра со Холандија, а Бразил со Колумбија.

За преостанатите четири места конкурираат осум селекции. Третата четвртфинална двојка ќе биде позната денеска (30.06), кога осминафиналните натпревари ќе ги одиграат Франција и Нигерија, односно Германија и Алжир.