1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хуманитарни работници убиени во Авганистан

АТ/ афп/ дпа27 ноември 2013

На пат кон северен Авганистан шест локални хуманитарни работници беа нападнати и убиени. Тие биле активни во име на француската организација „Acted“. Во нападот е повреден еден соработник.

https://p.dw.com/p/1APdf
Фотографија: picture-alliance/dpa

Тие сакаа да пружат поддршка за обновата во сопствената земја. Сега шестте авганистански соработници на невладината организација „Acted“ се убиени. Соработниците се наоѓале во провинцијата Фаријаб на северот на Авганистан.

Според информациите на локалните власти за безбедност тие биле нападнати на патот од главниот град на провинцијата Маимане кон дистриктот Алмар. „Нивниот автомобил бил стопиран од талибанците-бунтовници во дистриктот Паштун Кот“, изјави портпарол на владата на провинцијата Ахмад Џавер Бедар. „Тие биле извлечени и застрелани“.

Француската хуманитарна организација „Acted“, по чиј налог патувале авганистанските соработници соопшти дека длабоко жали и не го одобрува инцидентот. „Нашите соработници беа убиени извршувајќи ја својата работа, да ја поддржат изградбата на северот“.

„Acted“ (Agence d'Aide à la Coopération Technique et au Développement) е основана 1993 година и поддржува проекти за обнова во земјите во развој. Според сопствени наводи оваа невладина организација во Авганистан има 34 проекти и таму вработува повеќе од 850 локални и 13 меѓународни соработници.

Изминатата недела беше убиен авганистански соработник на Бундесверот. Тој работел како преведувач во северно авганистанскиот провинциски главен град Кундус. Според наводи на германското министерство за одбрана преведувачот доставил барање да допатува во Германија. Се сметало дека е тој латентно загрозен и се вбројувал меѓу авганистанските локални сили, на кои германската влада им дозволи да допатуваат во Германија поради закани за одмазда од страна на талибанците. Меѓутоа засега не е разјаснето дали ова дало оди на сметка на талибанците или позади делото се кријат приватни причини.