1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска – хит дестинација за снимање филмови

Синиша Богдановиќ / Ивана Стојкова11 септември 2014

Хрватска е повторно идеална локација за снимање филмови и серии. Иако на ваквите проекти главниот збор го имаат странците, корист имаат и локалните заедници, како и државата во целина.

https://p.dw.com/p/1D9yE
Фотографија: picture alliance / AP Photo

Дека Хрватска навистина има стогодишна традиција во снимањето на странски филмови, тоа за ДВ го потврдува и филмскиот историчар Даниел Рафаелиќ. Уште во дваесетите години на минатиот век, германските режсери го открија Јадранот како идеална и непотрошна кулиса за своите дела. „Тоа е времето на немиот филм и експресионизмот. Егзотиката е доста присутна. По откривањето на Јадранот, следуваат низа германски, полски, чехословачки компании, а Јадранот одеднаш станува атрактивна дестинација за смимање“. Подемот беше прекинат со започнувањето на Втората светска војна, за по завршувањето традицијата да продолжи.

„Животот на луѓето и натаму продолжи, желбата за снимање се’ уште постоеше и секако најголоемиот подем се случи со филмот ’Винету’“, вели Рафаелиќ, кој хрватсикте медиуми уште го нарекуваат филмски археолог. „Карл Мај беше на некој начин маргинализиран во источна Германија, но истовремено неговите романи беа доста популарни кај читателите. ’Богатство во Сребреното Езеро’ (1962) направи огромен бум и потоа беше одлучено ’Винету’ да почне да се снима”. Десет филмови од овој серијал, германците снимаа во Лика, на Плитвичките Езера и во Пакленица, а случувањата од снимањата до ден денес се „животни епизоди“ на голем број од тогашните статисти, како и постарите жители од тие рурални подрачја.

Рафаелиќ го става во фокус прашањето колку реално станува збор за вистински копродукции, чии производи би биле дел од филмскиот корпус на државите кои учествувале во нивното создавање, бидејќи во поголем број случаи се работело за копродукции, во кои главниот збор го имале странските партнери, а тогашна Југославија само им обезбедувала статисти и локации. Како најрадикален пример ја наведува серијата „Игра на престолот“, која никој не ја смета за хрватска серија и покрај фактот што е снимана таму. „Важно е да се напомене дека погледот на нашите луѓе кон копродукциите отсекогаш бил доста претпазлив. Имено, се’ што се снимало кај нас, без разлика на калибарот на светските филмски ѕвезди од прва категорија, се семтало за помалку квалитетно и битно, што е ужасно неправедно и неточно. Со тоа се прескокна валоризацијата на многу важни и флмови и серии“, вели Рафаелиќ.

Danijel Rafaelić
Даниел РафаелиќФотографија: Siniša Bogdanić

Се снимаше се’ и сешто

Квалитетот на снименото варира од прилично лоши филмови, па се до врвни дела, вели Рафаелиќ. Имено, од 1959 до 1965 година Хрватска беше дестинација за снимање на филмови од од Б-категорија на италијански копродукции. Во врвните дела, пак, мора да се спомене „Процес“ (1962) на Орсон Велс, кој е снимен со германски партнери. „Тоа е најважниот филм, општо во историјата. Има и голем број на други ремек дела снимени тука, како што се ’Железниот крст’ (1977) на Сем Пекинпах или ’Memed, My Hawk’ (1984) на Петер Устинов“.

Bildergalerie Karl May
Легендарниот „Винету“ е снимен во ХрватскаФотографија: picture-alliance

Иако овие копродукции можеа да им послужат на хрватските актери како отскочна даска, тоа сепак не се случи. Имено, ретко кој тогаш знаеше да зборува странски јазик. „Од друга страна, пак, има и луѓе кои се приметени токму тука, а направија кариери надвор, но денес немаат некое големо признание. Пример за тоа е белградската актерка Беба Лончар, која глумеше во американски филм, снимен кај нас, за потоа да постане ѕвезда на италијанските филмови“.

Но, овие копродукции беа важни и за развојот на домашниот филм. „Кога е основан ’Јадран Филм’ во 1946 година во Загреб, следните дваесет години беше главен увозник на југословенските девизи. Тоа беше фирма која вртеше најмногу странски пари”, вели Рафаелиќ, додавајќи дека и некои домашни филмови знаеа да ги искористат кулисите направени за копродукциите. Најважно од се’, домашните филмски работници низ копродукциите стекнаа знаење и беа во тек со светските стандарди на кинематографијата.

И Тито ги сакаше странските режисери

На прашањето колку тогашната политика влијаела врз снимањето на странските продукции на Хрватска и Југославија, Рафаелиќ ја спомнува „Битката на Неретва“ (1969), која започнала како локален филм, за потоа да се претвори во копродукција и светски феномен. Тогашниот југословенски претседател Тито уживше во друштвото на светски познатите актери, како Софија Лорен и Елизабет Тејлор, па дури и за во националниот филм „Битката на Сутјеска“, инсистираше да глуми Ричард Бартон, сопругот на Елизабет Тејлор. „Тоа е исто како денес Бред Пит да го глуми Иво Јосипович и притоа со себе да ја донесе и Анџелина Џоли“.

Филмските екипи кои снимаа во Хрватска имаа поприлично слобода и нашиот соговорник не памети дека биле забележани поголеми проблеми во однос на тоа, освен кога во осумдесетите италијанска екипа го снимаше серијалот „Мусолини“, при што на комунистичките власти не им беше јасно дали филмот ќе го прикаже позитивно или негативно фашистичкиот водач. „Постои и онаа позната приказна дека за време на снимањето на ’Процес’ Велс не успеал да добие дозвола од надбискупот за снимање во загребската катедрала и затоа Антони Перкинс е снимен само пред катедралата”.

Bildergalerie Maximilian Schell
Сцена од филмот „Железниот крст“Фотографија: picture alliance/United Archives

Природа, архитектура и луѓе

Кога станува збор за сегашните снимања на странските продукции, Саша Пиролиќ од компанијата „Амбасада филм“ вели дека домашните партнери даваат т.н. сервисни услуги. „Пред 11 години започнавме со телевизиски реклами и благодарение на пофалбите од страна на клиентите, како и учеството на многубројните саеми, почнаа да ни пристигнуваат и проекти од поголеми размери, а првиот таков поект ни беше серијата ’Казанова’ на БиБиСи”. Компанијата, вели Пиролиќ, работи се’ што треба на ваквите снимања. „Во принцип режисерот и камерманите се секогаш странци, додека останиот филмски тим на возачи, шминкери, стилисти ит.н. се наши луѓе“.

Elizabeth Taylor und Richard Burton, Kalenderblatt
Ричард Бартон и Елизабет ТејлорФотографија: AP

Сите сакаат да бидат статисти

Со оглед на тоа што во Дубровник и на неколку други локации во моментот се снима една од најпопуларните серии на светот, не изненадува фактот што голем број од Хрватите, но и туристите сакаат да бидат статисти и да бидат забележани во историјата на телевизијата, макар и на секунда. Впрочем, многумина од нив дури доаѓаат од различни страни на светот специјално за да бидат статисти. Со оглед на тоа што дневницата им е само 240 куни, очигледно е дека парите не се главниот мотив. Пиролиќ е задоволен од соработката која ја постигна со локалните зедници. По некои мали конфликти, заклучокот е дека ова е од корист за сите. Имено, токму тие снимања придонесуваат за пополнување на сместувачките капацитети, но и за промоција на Хрватска. И самата држава ја процени важноста на ваквите проекти, со што од 2012 донесе стимулативни мерки со кои се обидува да ги привлече интернационалните продукции.