1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска и Србија напредуваат, Македонија заостанува во евроинтеграциите?

16 јуни 2011

Од земјите од Западен Балкан Хрватска и Србија напредуваат, БиХ стагнира, Албанија и Македонија заостануваат во процесот на евроинтеграции, сметаат пак во Центарот за европски политички студии во Брисел.

https://p.dw.com/p/11aam
Фотографија: NATO

Помошникот американски државен секретар Филип Гордон вчера беше во посета на Белград, на разговари со српски официјални претставници. Помошникот на Хилари Клинтон ја почна балканската турнеја во Сараево, а од 17 јуни ќе ги посети Приштина и Загреб.

Гордон во Сараево се обрати на конференцијата за Западен Балкан под наслов „Прогрес, стагнација или регресија“, а имаше средба со високиот претставник за БиХ, Валентин Инцко. Стејт департментот претходно соопшти дека Гордон за време на посетата на регионот ќе ја потврди поддршката на САД за сите држави во тој регион во градењето мирољубиви и демократски општества на пат да заземат свое место како полноправни членови на европските и евроатлантските заедници.

Како да се поттикне регионот кон ЕУ

Од земјите од Западен Балкан Хрватска и Србија напредуваат, БиХ стагнира, Албанија и Македонија заостануваат во процесот на евроинтеграции, сметаат пак во Центарот за европски политички студии во Брисел.

„Хрватска и Србија напредуваат. БиХ стагнира, а според информациите кои ги добиваме, ситуацијата во Албанија и во Македонија може да се окарактеризира и како регресија“, вели за Дојче веле аналитичарот на Центарот за политички студии од Брисел задолжен за прашањата поврзани со проширувањето, Мајкл Емерсон.

Michael Emerson
Мајкл ЕмерсонФотографија: CEPS

Хрватска, која се наоѓа непосредно пред влез во ЕУ, како и напредокот на Србија на тој пат, се битни елементи врз основа на кои би требало да се поттикне целиот регион во ист правец, вели Емерсон:

„Мора да се каже дека остатокот од регионот, од БиХ па до Албанија, Косово и Македонија е попроблематичен од случаите на Хрватска и Србија. Затоа ќе биде потребно многу големо европско внимание, но и позитивен политички развој во самите земји заради напредок на процесот на евроинтегрирање“.

Од Србија не се бара членство во НАТО

Додека речиси сите земји од Источна и Централна Европа пред влезот во ЕУ станаа членки и на НАТО, извесно е дека покрај евроинтегративните услови поврзани со реформите во земјата, соработката со Хашкиот трибунал и „нормализацијата на односите со Косово“, од Србија никој нема да очекува и членство во Алијансата. Тоа прашање сепак, предизвикува многу реакции во момент на одржување на стратешката конференција на НАТО и партнерските земји во Белград.

Во Центарот за европски и политички студи во Брисел велат дека Србија зад себе има тешка историја, па различните реакциии на луѓето се разбирливи, но во однос на прашањето за членство во НАТО, потребно е работите да „легнат“ и да постои поголем консензус.

„Србија стабилно напредува кон полноправно членство во ЕУ и во НАТО“, вели за Дојче веле Мајкл Емерсон.

Informelles EU-Außenministertreffen in Stockholm
Фотографија: DW

Тој како еден од позитивните настани во регионот го наведува и формирањето европски специјален тим за истрага и евентуално натамошно процесуирање на обвиненијата за злосторства на Косово, кои специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, ги наведе во својот извештај:

„Сега имаме експлицитен потег на ЕУ, што е за пофалба. Колкав ќе биде ефектот, останува да се види, делумно поради временската дистанца од наводните злосторства, но и поради исчезнувањето форензички докази, и слично“.

Мајкл Емерсон заклучува дека тимот истражители и тужители кои ќе бидат делумно базирани во Приштина, а дел во Брисел, мора да започне професионална и техничка истрага, независна од секакво вплетување на политиката и дипломатијата.

Автор: Марина Максимовиќ/ Жана Ацеска

Редактор: Симе Недевски