1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватите не се одушевени од влезот во ЕУ

АМ/миа31 март 2013

За 45,1 отсто граѓани на Хрватска влегувањето во Европската унија е добар чекор, 26,6 отсто сметаат дека е подеднакво добро и лошо, а 25,6 отсто сметаат дека не е добро да се биде во ЕУ.

https://p.dw.com/p/187MG
Фотографија: dapd

Ова се резултатите од едно истражување направено во месеците пред влегувањето на државата во Унијата. Анкетата на Ипсос Плус за хрватската Нова ТВ е спроведено од 27 до 29 март врз 802 испитаника.

На прашањето дали ги интересира што се случува во ЕУ, 57,3 отсто одговориле потврдно, 40,8 не ги интересира, а 1,8 отсто немаат став за тоа. За добри работи од членството во Унијата граѓаните ги сметаат студирањето во странство (76 отсто), полесното наоѓање работа во држави од ЕУ (72 отсто), полесното купување и патување во држави од ЕУ (65 отсто), побрзото решавање судски спорови (59 отсто), купувањето автомобили по пониски цени (52 отсто), подобрата администрација (46 отсто) и намалувањето на каматите на кредитите (41 отсто). Од друга страна Хрватите стравуваат дека со членството во ЕУ ќе поскапе храната (45 отсто), ќе се зголемат цените на недвижностите (35 отсто), како и дека се потешко ќе се наоѓа работа во Хрватска (32 отсто).