Длабок е шокот кој се чувствува во германската престолнина по страшните сцени на божикниот панаѓур на плоштадот Брајтшајд. 12 лица загинаа а близу 50 се повредени откако камион влета меѓу куќичките-штандови на панаѓурот. Полицијата говори за „веројатен терористички напад“.