Холандија во поход кон титулата
29 јуни 2014На 18-от ден од Светското фудбалско првенство ќе се одиграат уште два осминафинални дуели, први на кои ќе настапат европски селекции.
Од 18 часот во Форталеза, Холандија и Мексико ќа ја почнат борбата за пласман меѓу осумте најдобри. Холанѓаните на овој дуел влегуваат како благи фаворити.
Тие првата фаза ја поминаа со максимални три победи. Од друга страна, Мексиканците во групната фаза примија само еден гол и тоа во последното коло против Хрватска.
Во вечерниот термин од 22 часот, исто така во Форталеза, ќе играат Костарика и Грција. Костариканците се најголемо изненадување во групната фаза. Во конкуренција на Уругвај, Италија и Англија завршија на 1.место, а Грција со гол од пенал во последните секунди од 3.коло обезбедија осминафинале.
Први четвртфиналисти од синоќа се домаќинот Бразил и Колумбија.