Хамас одбива да го положи оружјето
29 јануари 2006Ниту меѓународните закани дека ќе бидат скусени средствата за помош во тоа ништо нема да променат, тврдат водечките претставници на радикалната организација. Всушнсот, побргу може да се случи оруженото крило на Хамас да се спои со други групи и да формира палестинска армија. Претставниците на Хамас најавуваат и политички коалиции, бидејќи сега ќе треба да се формира нова влада.
,, На политичката сцена не се само Фатах и Хамас. Можат да се искористат и многу други сили,, посочи третиот човек во радикалното движење, Махмуд Захар. Во игра е дури и партијата на неѕависниоте експерти. Министри од нејзините редови, според претставниците на Хамас би можеле да донесат странски донации во Палестина.
Европската Унија веќе најави дека не би смеела да го признае Хамас. ,, Треба „да се избегне признавањето на терористичка група само поради тоа што добила избори“ оцени децидно високиот европски претставник Хавиер Солана во интервју за францускиот ,,Монд“.