1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамас и Израел - двајца заколнати непријатели

Тања Кремер/ А.Трајковска11 јули 2014

Конфликтот околу Газа продолжува, бројот на жртвите, пред сѐ Палестинци, расте. Веќе не се исклучува израелска копнена офанзива. И двете страни имаат свои причини за конфликтот.

https://p.dw.com/p/1CaWA
Фотографија: picture-alliance/dpa

Израелските воздухопловни сили упорно го бомбардираат Појасот Газа. За многу кратко време беа погодени 750 цели, се вели од армиски кругови. Од почетокот на операцијата „Цук Еитан“, според податоци на ОН, загинаа 58 Палестинци, а повредени се повеќе стотици луѓе, претежно цивили. Исто толку упорно Касам бригадите, вооруженото крило на Хамас, и милитантите на Исламистичкиот Џихад стрелаат ракети врз израелска територија.

Закана за Тел Авив и Ерусалим

Речиси секојдневно се огласуваат сирените за воздушна закана во Тел Авив и Ерусалим и го потсетуваат израелското раководство на тоа дека Хамас навистина може да го погоди „срцето“ на Израел. Ескалацијата започна откако во јуни три израелски млади момчиња беа грабанти во близина на една населба во израелските окупирани териториии во Западниот брег, на што израелската армија одоговори со воена операција. Младите беа пронајдени мртви на 30.06.2014. Израел одговрноста за убиството му ја префрлува на Хамас. Хамас, меѓутоа, не ја презема одговорноста. Само два дена подоцна беше убиено момче Палестинец во Источен Ерусалим најверојатно одмаздничко дело на еврејските екстремисти. Оттогаш состојбата станува сѐ потензична.

Со масовните воздушни напади Израел очигледно сака да го заслабне Хамас и долгорочно тој тешко да може повторно да се вооружи. Досега Израел се обидува да ја уништи воената инфраструктура со напади од воздух, од море и со артилериски напади од копно. Дел од тактиката е и целно убивање на воените водачи и уништување на нивните домови. Меѓутоа, под знак прашање е дали воздушните напади се доволни да се уништат овие цели. Затоа Израел размислува да употреби копнени трупи и повика 20.000 резервисти. Меѓутоа и покрај сите закани од премиерот Бенјамин Нетанјаху „да го изоди патот до крај“, владата се колеба навистина да испрати копнени трупи во Појасот Газа. Некои членови на кабинетот уште веднаш би ја запоседнале енклавата.

Raketenangriffe von Gaza auf Sderot 10.7.2014
Во последните напади загинаа повеќе десетици луѓеФотографија: Yefimovich/Getty Images

Тежок баланс

Израелската влада и натаму сака да предизвика ефект на заплашување. Тоа што ракетите од Газа стигнуваат длабоко во земајта, досега не се одрази многу врз секојдневниот живот, бидејќи тие се пресретнати од израелскиот одбранбен систем „Железна купола“. Меѓутоа, нападите разбудија еден исконски страв на многумина Израелци, дека се поранливи отколку што сметале. За Израел офанзивата против Хамас значи дека треба да постигне и баланс. Оти доколку Хамас биде премногу заслабнат, на организацијата ќе и‘ биде тешко да се справи со другите милитанти групи и да се заложи за положување на оружјето. По крајот на последната воена офанзива во ноември 2012 година, Хамас се погрижи за тоа да се одржува примирјето, иако тоа беше кршливо. Патролите долж границата ги спречуваа уште порадикалните милитанти групи да стрелаат ракети.

Изолацијата на Појасот Газа и Хамас уште повеќе се заостри по смената на власта во Египет. Новата египетска влада под Абдел Фатах Асиси му сврте грб на Хамас, оти тој се смета за сојузник со Муслиманското братство. Египетските сили за безбедност ги уништија многуте тунели меѓу Појасот Газа и Египет и со тоа ја запреа подземаната економска гранка. Наместо поволни производи од Египет, жителите сега добиваат само скапи производи од Израел, а градежните материјали во Газа пристигнуваат во многу ограничени количества преку израелскиот граничен премин Керем Шалом. Извозот, како и досега, речиси е неможен. Исто така и египетско-палестинскиот граничен преми во Рафах со месеци беше отоворен само неколку денови. Еден од централните услови на Хамас за положување на оружјето е граничниот премин Рафах регуларно да функционира.

Israel Raketenalarm 10.07.2014 Tel Aviv
Во Израел луѓето мораат да се засолнат во скривницитеФотографија: Reuters

И процесот на помирување меѓу Хамас и Фатах не ја подобри ситуацијата. На почетокот на јуни тие ја именуваа новата преодна влада. Хамас официјално се повлече од владина одговорност, но де факто ја задржа контролата во Појасот Газа. Тие се надеваа дека палестинските Автономни области ќе ги платат примањата на околу 40.000 службеници на владата раководена од Хамас. Но, иако Катар вети финансиска помош во милионски износи, благајната и натаму е празна.

Висока цена за цивилите во Газа

Останува да се види дали Хамас ќе може да ги спроведе своите политички барања, за да се врати кон положување на оружјето. Со новата конфронтација Хамас би можел да се обиде да ја поврати својата популарност, која е силно опадната, шпекулираат некои набљудувачи. Друга цел би можело да биде да се обединат Палестинците со оглед на заедничката закана. Но, ова се смели надежи, бидејќи не се знае дали организацијата навистина ќе излезе зајакната од конфликтот. Населението во Газа по трет пат во рок од шест години се наоѓа во воена ситуација и мнозинството не стои зад нападите врз Израел. „Сето ова повеќепати го имаме видено. Се повторува, луѓето се уморни и плаќаат висока цена за ситуацијата“, вели еден жител на Газа.

Konflikt Nahost 09.07.2014
Ракетен напад врз градот ГазаФотографија: picture-alliance/dpa

Речиси осум години населението страда од израелската политика на блокади, која оневозможува каков и да е економски развој. Невработеноста, по смената на власта во Египет, повторно порасна. 65 проценти од луѓето во Газа се помлади од 24 години и невработеноста во секторот изнесува повеќе од 60 проценти, проценуваат ОН.

По последната војна во Газа во ноември 2012 година популарноста на Хамас порасна, но само за кратко време. Тоа што ситуацијата на луѓето сѐ повеќе се влошува, беше причина многумина да се свртат против Хамас. Од почетокот на офанзивата високи по ранг водачи на Хамас исчезнаа, наводно се заштитувале во подземните бункери.

Останатите 1,7 милиони жители на Појасот Газа немаат ваква опција. Сепак многумина за ситуацијата и конфлиткот сметаат дека е одговорен и Израел. Нападите од повеќето се сметаат за колективна казна, исто како и долгогодишната блокада.