Фудбалската бајка на Лестер
3 мај 2016Убаво е да се започне денот со охрабрувачки заклучок дека чуда навистина се можни. Дури и кога Давид наспроти себе има не еден туку повеќе Голијати. Доказ за тоа е малиот Лестер кому вчеравечер му успеа да оствари сензација.
Во времиња на гигантски суми за трансфери и навидум премоќна конкуренција во Премиер Лигата, титулата на Лестер е едно од најголемите изненадувања во историјата на фудбалот не само во Англија . Во минатата година за малку се спасија од испаѓање, но затоа сезонава „Лисиците“ започнаа неверојатна серија која ги доведе до титулата во Премиер лигата. Сонот на екипата под водство на Италијанецот Клаудио Раниери стана стварност по вчерашните 2:2 на Стенфорд Бриџ меѓу Челзи и најголемиот конкурент за титулата Тотенхем.
Предводени од голгетерот Џејми Варди и организаторот на играта Ријад Марез, кои беа прогласени за играчи на сезоната во Премиер Лигата, Лестер на две кола пред крајот на сезоната има неверојатен скор од 22 победи, 11 нерешени и само три порази.
Разбирливо навивачите на фудбалскиот клуб во целоноќна екстаза ја прославија првата шампионска титула на Лестер во Англија- остварување рамно на чудо. Погледнете го видеото за прекрасното славје во Лестер: