Фудбалот загуби една легенда - Јохан Кројф
25 март 2016Јохан Кројф започна да игра во Ајакс Амстердам. Во клубот пристапи со 12 години. Подемот на Ајакс во 1960-те години беше нераскинливо поврзан со неговото име.
Кројф со својот тим трипати го освои Европскиот куп на шампиони, претходникот на денешната Лига на шампиони. Исто толку пати беше прогласен за „најдобар фудбалер на Европа“. Со својата холандска фудбалска национална репрезентација меѓутоа тој го пропушти најголемиот триумф - на Светското фудбалско првенство во 1974 година „Портокаловите“ во финалето загубија од домаќинот-Германија.
Кројф „втората кариера“ ја стартуваше во ФК Барселона во 1970-те години, прво како играч, а потоа и како тренер.
Тој остави решавачки печат на сегашниот стил на игра на Каталонците. Кројф со својата екипа го освои шпанското фудбалско првенство и Шпанскиот фудбалски куп и на тимот му остана верен до крајот на животот, до неговата смрт. Светот на фудбалот со смртта на Јохан Кројф загуби еден великан.