27 милиони долари отштета
13 март 2021Американскиот град Минеаполис се согласи да плати 27 милиони долари на семејството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на апсењето, кое се откажа од судската тужба.
Градските власти во Минеаполис дискутираа за тоа на седница зад затворени врати, а нејзините членови потоа јавно гласаа и тоа едногласно.
Адвокатот на семејството Флојд изјави дека станува збор за најголема оштета за откажување од тужба пред судење и им се заблагодари на градските челници што „покажале оти се грижат за Џорџ Флојд“.
Повеќе:
-Фотографија на денот: Правда за Џорџ Флојд
-Зошто полицијата во САД е толку моќна?
-Социјална нееднаквост во САД: Афроамериканците и натаму посиромашни, поболни, понеобразовани
Флојд беше прогласен за мртов на 25 мај минатата година откако сега веќе поранешниот полицаец, белецот Дерек Шовин, со колено го притискал за вратот 8 минути и 46 секунди. Полицијата се обиде да го приведе Флојд поради обид да плати сметка со фалсификувана банкнота од 20 долари.
Смртта на Флојд поттикна масовни, некогаш и насилни протести во САД, а потоа и ширум светот. Семејството на Флојд поради неговата смрт во јули поднесе тужба против градот Минеаполис, Шовин и уште тројца отпуштени полицајци.
Тие во тужбата тврдеа дека полицајците ги прекршиле правата на Флојд за време на апсењето и оти градските власти овозможиле во полициската служба да цветаат прекумерна примена на сила, расизам и принцип на неказнивост.