1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

2000 години стари фрагменти од Библијата

СН/агенции
17 март 2021

Во Израел близу Мртвото Море се пронајдени фрагменти од милениумски стар свиток со списи. Тие датираат од околу 132 година н.е.

https://p.dw.com/p/3qj0r
Israel | Archäologische Funde | Fragmente einer Schriftrolle
Фотографија: Sebastian Scheiner/AP Photo/dpa/picture alliance

Израел соопшти дека на југот од Јудејската пустина се пронајдени делови од 2.000 години стар библиски пергамент, нарекувајќи го откритието „историско“ и едно од најважните пронајдоци по Кумранските списи или седумте свитоци откриени во пештера во близината на Мртвото море.

Првпат по околу 60 години, благодарејќи на археолошките ископувања се откриени делови од библиски пергамент, стои во соопштението на Израелската управа за старини. Делови од ракописот, напишани на грчки, според зборовите на израелските археолози овозможиле реконструкција на дел од Стариот завет, поточно од Книгата за пророкот Захарие и Книгата за пророкот Нахум.

Тие се пронајдени за време на археолошките ископувања во пештерата во природниот резерват Нахал Хевера, во рамки на акцијата започната на државно ниво, чија цел е борба против грабежот на националното културно наследство.

Од  спектакуларното пронаоѓање на седумте свитоци во близината на Мртвото море во Кумранските пештери  во периодот од 1947 до 1956 година, камените пештери во Јудејската пустина станаа честа цел на ограбувачите на антички старини. Овие 900 ракописи се сметаат за едни од најважните археолошки пронајдоци на сите времиња, бидејќи содржат верски текстови на еврејски, арамејски и грчки јазик, како и најстарата позната верзија на Стариот завет.