1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Јанос“ беснее во западна Грција

СН/агенции
19 септември 2020

Очајни луѓе, уништени бродови, колапс на поморскиот сообраќај. Исклучително реткиот медитерански ураган „Јанос“ се очекува да пустоши по западниот брег на Грција до недела вечер.

https://p.dw.com/p/3iiFf
Griechenland Wirbelsturm Ianos
Фотографија: Nikiforos Stamenis/AP/dpa/picture alliance

Оваа #ФотографијаНаДенот е направена во местото Аргостоли на грчкиот остров Кефалонија, каде улицата пред градското пристаниште е целосно поплавена во налетот на медитеранскиот циклон со белези на ураган. Освен на Кефалонија силните ветришта и поројните дождови на медиканот „Јанос“ предизвикаа значителни штети и на островите Закинтос и Итака како и по должина на брегот на полуостровот Пелопонез. Помали штети се пријавени и на островите Лефкада и Крф.  Метеоролозите не сметаат на подобрување на времето до недела навечер.

Реткиот временски феномен медикан е циклон што може да се формира во регионот на Средоземното море кон крајот на летото кога температурата на водата таму е сè уште висока. Веднаш штом ќе стигне до копното неговата сила се намалува.