1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Чукна часот и на навивачите

СН/ агенции
15 јуни 2018

Со спектакуларна церемонија и многу голови беше отворен фудбалскиот Мундијал во Русија. Домашната репрезентација со убедливи 5:0 ја совлада Саудиска Арабија на првиот меч на првенството.

https://p.dw.com/p/2zbMj
Russland, WM2018: Gruppe A - Russland - Saudi Arabien
Фотографија: Reuters/K. Pfaffenbach

Љубителите на фудбалот можат само да си посакаат вака ефикасни натпревари до крајот на турнирот. Згора на врвниот фудбал, како шлаг на тортата, се и навивачите на трибините, кои даваат сѐ од себе, на што повпечатлив начин да учествуваат на овој спортски хепенинг. На оваа #ФотографијаНаДенот, руски навивач на стадионот Лужники телото го има обоено логото на Мундијалот во неговата татковина. По победата на руската репрезентација, неговиот труд дополнително се исплатеше.