1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Фотографија на денот: Цената на војната

19 март 2022

109 празни колички за деца на плоштадот во Киев - по една за секое убиено дете од почетокот на руската инвазија на Украина.

https://p.dw.com/p/48idV
Ukraine Lwiw | Performance 'The price of war'
Фотографија: Yuriy Dyachyshyn/AFP

Според украинската главна обвинителка, од 24 февруари досега во војната во Украина се убиени најмалку 109 деца, а 130 се повредени.

Активисти и уметници со овој тивок протест на плоштадот во Лавов сакаат да го свртат вниманието врз судбината на децата во војната и на тоа дека руската армија бомбардира и напаѓа и цивилни цели. „Детските колички го симболизираат животот на овие ангели кои сега го штитат небото над Украина“, изјави Андриј Садовиј, градоначалник на Лавов. Кампањата носи име „Цената на војната“ и организирана е од активисти и од локалните власти.

Според УНХЦР, од Украина секоја минута бегаат по 55 деца. Тоа значи дека од 24 февруари досега речиси секоја секунда од земјата бегало по едно дете.