Фудбалска класика
29 јуни 2021Англија против Германија. На денешното осминафинале на Европското првенство му претходи долго фудбалско ривалство со многу епски дуели. Изреката дека на крајот секогаш победува Германија едноставно не е точна. Досега во меѓусебните дуели Германците победиле 15 пати а Англичаните 16.
Сепак во последните важни мечеви во завршните рунди на Европските или на Светските првенства, изреката сепак е точна.
Најболниот пораз за Англичаните дефинитивно е оној на Вембли во полуфиналето на Европското првенство во 1996 година, со промашениот пенал на актуелниот англиски селектор Герет Саутгејт ( на насловната фотографија).
Повеќе:
-Фотографија на денот: Германската репрезентација пред тежок испит
-Фото на денот: Проштален фудбалски „танц“ на Горан Пандев
-ЕУРО 2020: Што треба да се знае за турнирот
Германија и Англија досега се соочиле уште еднаш на Европските првенства и тоа во натпревар во групите во 2020 година, во кој Англија извојува победа со 1:0. На Светските првенства досега двете репрезентации одиграле 5 натпревари. Германија извојува победа во три од нив, и тоа во осминафиналето во 2010, во полуфиналето во 1990 и во четвртфиналето во 1970 година.
Еден натпревар во групите во 1972 заврши без голови, а единствената и веројатно најважната победа Англија ја оствари во финалето на домашниот Мундијал во 1966, која и ја донесе единствената титула досега на големите фудбалски натпреварувања.