1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Урнатиот мост во Питсбург

СН/агенции
29 јануари 2022

Непосредно пред посетата на претседателот Бајден, во американскиот град Питсбург се урна мост. Локалните власти соопштија дека се повредени 10 лица од кои три се наоѓаат во болница, но никој не е во животна опасност.

https://p.dw.com/p/46FqA
BdTD Brücke in Pittsburgh eingestürzt
Фотографија: Gene J. Puskar/AP/dpa/picture alliance

Американскиот претседател, Џо Бајден, веднаш го посети мостот во Питсбург, кој се урна само неколку часа пред тој да пристигне на закажаната посета на градот, и ја нагласи итната потреба за обновување на инфраструктурата во САД:

„Идејата дека толку многу години заостануваме кога станува збор за инфраструктурата е неверојатна“, порача Бајден кој со државните и локалните претставници на итните служби го посети местото на несреќата во градот Питсбург, во сојузната држава Пенсилвенија.

Американскиот претседател ги пофали спасувачите, нагласувајќи оти инцидентот довел до протекување на гас што во меѓувреме е запрено.

Мостотот со две сообраќајни ленти се сруши во петокот рано утрото по локално време, а спасувачите мораа да се качуваат на висина од речиси 46 метри, додека останатите формирале човечки синџир за да помогнат во спасувањето на луѓето од автобус кој бил заглавен на урнатиот мост, изјави шефот на пожарникарната служба во Питсбург, Дерил Џонс.